Стандард енд Пурс го намали кредитниот рејтинг на Грција и Португалија

Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард енд Пурс вчера го намали кредитниот рејтинг на Грција и Португалија. Освен намалувањето на кредитниот рејтинг на Португалија за еден степен и кредитниот рејтинг на Грција е намален за два степени од досегашните ББ+ на ББ-.
Тоа се должи на очекувањата на агенцијата дека Грција дополнително мора да се задолжи во согласност со европските механизми за кризна помош. Агенцијата не ја исклучува можноста за дополнително намалување на рејтингот на овие две држави во блиска иднина, се наведува во извештајот.