Србија: Телеком Австрија оди на поправен

Работната група за продажба на телеком Србија оцени дека понудата на Телеком Австрија е нецелосна и и даде рок на компанијата од 15 дена за да ја дополни понудата.
Врз основа на анализите и препораките на советниците за продажба на акциите, работната група утврди дека финансискиот дел на понудата не одговара на условите пропишани со тендерот.
Во согласност со оваа анализа, Владата на Србија побара од Телеком Австрија да ја дополни документацијата која ја достави и финансискиот дел на понудата. Српската влада одреди минималната цена за 51% од акциите на Телеком Србија да изнесува 1,4 милијарди евра.