Втор круг од дијалогот Белград - Приштина

Претставниците на Белград и Приштина денеска во Брисел, на вториот круг од дијалогот под патронат на Европската унија, ќе разговараат за снабдувањето на косовските Срби со електрична енергија, за централниот регистер и за регистарските таблички.Шефот на белградскиот тим Борислав Стефановиќ истакна дека една од целите на дијалогот е да и се овозможи на Електростопанство на Србија да функционира на територијата на Косово.
Шефот на приштинската делегација Едита Тахири истакна дека на денешната средба ќе се разговара за енергетиката и за регистарските таблички на автомобилите.Во првиот круг од дијалогот меѓу Белград и Приштина, што се одржа на 8 и 9 март, се разговараше за прашањата поврзани со катастарот, за царинските печати, за авиотранспортот, за телекомуникациите и за претседателството на ЦЕФТА.