75% од Словенците сметаат дека политичарите им се корумпирани

На анкетното прашање колку е корупцијата присутна меѓу словенечките политичари 74,8% од испитаниците навеле дека постои многу корупција, 21,3% дека нејзината присутност е средна, а 3,5% дека е незначително присутна.
Случајот со пратеникот во Европскиот парламент Зоран Талер словенечката јавност го доживува како потврда дека меѓу водечките политичари има многу корупција која останува неказнета, покажа анкетата на словенечкиот весник Дело.