Објавено 28 март 2011, 12:19, во Регион
Share |
Print page

Третпат ќе се намалуваат платите во државниот сектор во Грција

Третпат ќе се намалуваат платите во државниот сектор во Грција

Владата на премиерот Јоргос Папандреу се подготвува да ги намали платите на вработените во државниот сектор. Тоа е дел од владините економски мерки за надминување на кризата, објавија денеска грчките медиуми.„Елефтеротипија” наведува дека покрај платите ќе се намалат и инвестициските програми за фирмите со државен капитал.

Весникот „Етнос” објави дека премиерот Папандреу е одлучен да ги продолжи реформите, а како дел од тоа е и преструктурирање на владиниот кабинет односно именување на тројца нови министри задолжени за приходите, за приватизацијата и за електронската влада.„Ако до крајот на годинава Грција не се справи плаќањето на долгот, земјата уште на почетокот на 2012 година ќе побара нов кредит од Европскиот фонд за финансиска стабилност„, пишува „Нафтемборики”.


Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија