Албанската влада продава државен имот и компании

Албанската влада започнува со продажба на државниот имот и компании со цел да ги зголеми приходите во буџетот и да заживее економијата.Албанската агенција за приватизација најави дека наскоро на продажба ќе бидат ставени 1.280 државни објекти, како и малцински пакети акции на државните фирми во веќе приватизираните компании.
Станува збор за малцински пакет на акции кои државата ги има во нафтената компанија Албпетрол и за приватизација на државната нафтена компанија АРМО. Државата исто така ќе го продаде и својот дел во приватизираниот АЛБтелеком. Ќе се продадат и малите државни хидроцентрали и воени објекти.Неодамна, албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека оваа година очекува зголемување на странските директни инвестиции.Се предвидува приватизационата процедура да биде завршена до крајот на 2011 година.