Објавено 25 март 2011, 14:32, во Регион
Share |
Print page

Грција продава 20% од атинскиот аеродром

Грција продава 20% од атинскиот аеродромАеродромот во Атина ќе биде првиот објект предложен за приватизација, од кој се очекуваат приходи од 50 милијарди евра за покривање на долговите на Грција, јавуваат грчките медиуми.Комисијата за приватизација објави дека одлучила да продаде 20% од акциите на меѓународниот аеродром Елефтериос Венизелос и да го продолжи за 20 години рокот на договорот за концесија со германската компанија Хохтиф.

Грчката држава поседува 55% од аеродромот, а Хохтиф 40%.Весникот пишува дека кризата го погодила атинскиот аеродром поради падот на бројот на патници од 15,6% за првите два месеци од оваа година, во споредба со истиот период во 2010 година.За приватизација е предвиден и поранешниот аеродром Елиникон крај Атина, како и друг државен недвижен имот.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија