Специјален прилог
ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - 14 март 2012 година

Почитувани,
Капитал Медиа Груп на 14 март ќе го објави специјалниот прилог “Транспорт и логистика”, во кој што ќе обработиме прашања што ја засегаат оваа индустрија во Македонија.
Ќе пишуваме за начините како да се олесни набавката на возила со ЕУРО5 стандард, со цел да се зголеми можноста на македонските транспортери за работа во Европската унија. Исто така ќе се осврнеме и на новата закана за превозниците на патници, а тоа се посредниците во транспортниот бизнис, кои што без лиценца и без сопствен возен парк им одземаат голем дел од колачот на транспортните компании. Дали измените на Законот за превоз на патници ќе ги решат овие проблеми?
Се прилагодија ли компаниите на новиот тренд што доаѓа – понуда на интегрирани транспортно - логистички услуги? Ова е уште една тема што ќе ја обработиме во нашиот специјален прилог, покрај стандардниот преглед на најновите актуелности во транспортно-логистичката индустрија во Европа и светот.
Почитувани, прилогот е воедно шанса и за маркетиншко претставување на вашата компанија преку комерцијалните пакети што ги подготвивме само за вас.
ЗА СИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРАШАЊА ОКОЛУ ОГЛАСУВАЊЕТО ОБРАТЕТЕ
СЕ ДО МАРКЕТИНГ СЕКТОРОТ, на mail: prilozi@kapital.com.mk
ТЕЛ: 02 3298110; ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ: ЈАСМИНА САВОВСКА ТРОШАНОВСКИ