Објавено 23 февруари 2012, 09:58, во Македонија
Share |
Print page

Македонија должи за пописот на дијаспората во Австралија. Ни се заканува тужба „тешка“ 120.000 евра!

Катерина Синадиновска
Македонија должи за пописот на дијаспората во Австралија. Ни се заканува тужба „тешка“ 120.000 евра!

Универзитетот Викторија од Австралија вклучен во проектот за попишување на македонската дијаспора таму, се заканува дека ќе ја тужи земјава оти не му се исплатени уште 21.000 долари за истражувањето чии резултати никогаш нема да ги видиме, оти целиот проект пропаднал уште во првата фаза. Во Владата признаваат дека истражувањето пропаднало, ама велат - "не по наша вина, Универзитетот не си ги исполнил обврските"

Универзитетот Викторија од Австралија се заканува со тужба за Македонија, поради неисплатени 21 илјада долари за пописот на македонската дијаспора кој требаше да финишира лани.

Проектот наречен „Мапирање на дијаспората во Австралија и врски со Македонија 2009- 2011“ главно требало да се финансира од австралиската влада, но дел од трошоците требале да се покријат од македонска страна.

Во официјалната реакција на носителите на проектот во Австралија доставена до македонското Министерство за надворешни работи, но и до Генералниот секретаријат на Владата, до која екслузивно дојде „Капитал“, пишува дека нашата држава досега ја платила само првата транша – односно 9.005 долари за 2009 година. Сега Австралијците бараат итно да биде исплатен остатокот од парите, а во спротивно велат дека ќе тужат за непочитување на Договорот склучен со македонската држава, која би достигнала сума од 100.000 евра, плус долгот...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ