Објавено 23 февруари 2012, 08:45, во Македонија
Share |
Print page

Концесиите за мали хидроцентрали ќе ги полнат државната и општинските каси

Општините и државата ќе си ги делат по пола парите од издадените концесии за производство на струја од хидроцентрали, наместо сите да одат во централниот Буџет. Ова го предвидуваат измените на Законот за води, за кој пред два дена владата дала зелено светло. Од Министерството за животна средина велат дека овие измени се за да се зголемат приходите кај општините.

„Со предложените измени се воспоставува систем со кој дел од приходите од концесии по овој основ ќе преминат кај општините. До 31 декември 2015 година од остварениот приход од концесиите, во централниот Буџет ќе се уплаќаат 75%, додека во општините 25%. Од 1 јануари 2016 година општините ќе добиваат половина од надоместот од концесиите на хидроцентрали“, објасни министерот Абдулаким Адеми.

Според него, ова ќе придонесе општините да ги подобрат инфраструктурните објекти за водоснабдување.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ