ДЗР: Во Здравствен дом Скопје не се знае кој што работи

Државните ревизори открија дека во Здравствен дом Скопје не се знае кој што работи, пресметките и фактурите се правеле рачно, рецептите за инсулинска терапија се зафрлале, а залихите се пребројувале на прсти
Здравствениот дом Скопје не може да си наплати побарувања вредни речиси еден милион евра, а голем дел од должниците се фирми што веќе не постојат, утврдија државните ревизори. Според ревизорскиот извештај за 2010 година, најголеми должници на оваа здравствена установа се лекарите-концесионери, кои веќе неколку години не плаќале комуналии и кирија за изнајмениот простор и опрема. Долговите за концесии сочинуваат над 60% од вкупната сума на побарувањата на Здравствениот дом, односно 601.437 евра.
И Министерството за здравство е на листата со должници, утврдија ревизорите. За извршени услуги по програми за здравствена заштита Министерството должи 111.617 евра. Државна ревизија порачува Министерството за здравство да одобрува толку пари колку што може да плати...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.