Објавено 22 февруари 2012, 16:32, во Македонија
Share |
Print page Кои се ефектите од 350 милиони евра за поддршка на аграрот?

(22.02) Растат субвенциите, расте и увозот на храна. Мора да се смени моделот на субвенционирање!

Александра Спасевска
(22.02) Растат субвенциите, расте и увозот на храна. Мора да се смени моделот на субвенционирање!

Увозот на храна минатата година достигна фантастични 672 милиони долари, што е 20,4% повеќе споредено со претходната година, а трговскиот дефицит кој го има Македонија во трговијата со прехранбени производи достигна фрапантни 298 милиони долари и за една година се зголемил за околу 30%. Од друга страна, растат и субвенциите кои ги дава Владата за земјоделците, а годинава се 12% поголеми од лани. Информациите на терен покажуваат намалување на производството на прехранбени производи и раст на увозот. Произлегува дека аграрната политика која ја води Владата не ги дава посакуваните ефекти. Потребна е итна промена на моделот!

Владата и годинава продолжува со интензивната поддршка на аграрот. Уште 113 милиони евра ќе се исплатат за субвенции во земјоделството во 2012 година според програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Но, шест години откако почнаа да се исплаќаат субвенциите не видовме ефекти од милионските суми исплатени за развој на аграрот. Владата досега ниту еднаш не излезе со конкретна анализа за тоа колку порасна производството на земјоделски производи, колку порасна извозот, а колку се намалил увозот на храна, колку се зголемил сточниот фонд и обработливото земјиште, но податоците за рекорден раст на дефицитот во трговската размена со прехранбени производи јасно покажува во која насока ни се движи аграрот.

Само минатата година, кога беа исплатени над 115 милиони евра за субвенции, увозот за храна порасна за 20,4% во однос на претходната година. Во исто време порасна и извозот на прехранбени производи за 13,5%, но со оглед на тоа што вредносно лани се увезени прехранбени производи во вредност од 672 милиони долари, а извезена е храна во вкупна вредност од 37 милиони долари, произлегува дека увезуваме двојно повеќе храна отколку што извезуваме. Наместо од година во година да се намалува трговскиот дефицит, кој лани достигна рекордни 298 милиони долари како резултат на се поголемите износи на субвенции кои ги исплаќа државата, се повеќе се зголемува увозот. Само минатата година извозот порасна за 44,5 милиони долари, а увозот повеќе од двојно, односно 113 милиони долари...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ