Ахмети уценува за нов попис. Груевски молчи!

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не отстапува од тезата дека за воопшто да има попис во земјава, неопходна е реформа на Заводот за статистика. Реформите според Ахмети значат вработување на доволно Албанци во Заводот. Груевски молчи!
Партнерот на ДУИ во Владата, ВМРО-ДПМНЕ, нема конкретен став за барањата на Ахмети, и сe уште е во фаза на најава на преговори во коалицијата и пошироко, за тоа како да се создадат политички услови за одржување објективен попис. Ахмети ставот дека Државниот завод за статистика треба да се реформира пред да започнат разговорите за нов попис на населението, последен пат го изнесе пред два дена, по средбата со унгарскиот амбасадор во Македонија, Јозеф Бенцзе. Условите на ДУИ за нов попис, за „Капитал“ ги појасни портпаролот Бујар Османи:
„Потребна е целосна реформа на Државниот завод за статистика, зашто бројот на вработени Албанци во Заводот е минимален, а во раководните структури е речиси нула. Ова мора да се промени како основен предуслов за успешен попис“, изјави Османи, кој повтори дека ДУИ, покрај реформата на Заводот, бара и суштински да се промени пописната методологија, зашто според актуелната, усогласена со критериумите на Евростат, може да се попише само резидентното население, а не и иселениците:
„На новиот закон за попис треба да му претстои широка јавна дебата пред да влезе во институционална процедура, но наша главна заложба ќе биде дека методологија не смее да биде дискреционо право на директорката на Државниот завод за статистика“, изјави Османи...
Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "КАПИТАЛ" од 22 февруари 2012 година (среда).