Владата чека писмо за да прогласи пензиска криза во Македонија?!

Евролидерите гласно им порачуваат на граѓаните дека нивните деца ќе работат до 72 години. Владите на Балканот почнуваат да ги кастрат пензионерските привилегии. Македонската Влада вели дека додека не стигне конкретен допис од ЕУ, нема простор за паника
Само неколку дена по предупредувањето од Светската банка дека во Македонија за неколку децении тројно ќе се зголеми бројот на старото население, се огласи и Европската унија. Хрватските медиуми објавија дел од дописот на Европската комисија, во кој се вели дека до 2060 година старосните граници за пензионирање ќе се покачат до 72 години, што во просек е зголемување од седум години.
Евролидерите на ЕУ гласно им порачуваат на граѓаните дека нивните деца ќе работат до 72 години. Владите на Балканот креваат паника и подготвуваат ригорозни реформи и кастрења на пензионерските привилегии. Македонската Влада се потпира на своите анализи. Извори од Владата за „Капитал“ велат дека додека не стигне конкретен допис на нивна адреса, нема простор за паника.
Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски, потврдува дека нема добиено предупредување дека состојбата со пензиските фондови е алармантна.
„Тие бројки дека во Македонија ќе има се повеќе старо население за нас не се ништо ново. Ние редовно си правиме анализи и актуарски проекции на долг рок и врз основа на тие параметри будно ја следиме состојбата. Едно е сигурно, потреба за покачување на границите за пензионирање во Македонија во моментов нема“, истакнува тој...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.