Телевизиската опрема на А1 најинтересна за купувачите

Паралелно со продажбата на имотот на медиумот на Велија Рамковски во Кривичниот суд привршува и постапката во случајот „Пајажина“. Денеска во судница завршни зборови треба да даде одбраната
Подвижно линковско студио и другата телевизиска опрема, кои се дел од техниката на А1 телевизија која ќе биде ставена на продажба, се најпримамливи за заинтересираните купувачи. Извори за „Капитал“ коментираат дека некои од постоечките телевизии се веќе заинтересирани за опремата на А1 која е дел од стечајната постапка. За квалитетот на опремата зборува податокот дека со таква софистицирана техника располага само Македонската телевизија, додаваат истите извори.
Покрај тоа на продажба е и зградата и опремата на печатницата Крсте Мисирков, која како и останатата повредна опрема е ставена под хипотека на НЛБ Тутунска банка.
НЛБ веќе го презела во свое владение имотот кој се наоѓа под хипотека и според Законот за стечај побарала одвојување на продажбата од стечајната постапка. Агенти на банката во присуство на стечајниот управник Ацо Петров извршиле идентификација на имотот кој е ставен под хипотека и усогласување на податоците со кои тие располагаат и состојбата на терен по што се очекува набрзо тој да се најде на продажба...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.