Објавено 16 февруари 2012, 08:51, во Македонија
Share |
Print page

76 милиони евра странски инвестиции во ноември лани

76 милиони евра странски инвестиции во ноември лани

Салдото на странски инвестиции порасна за 76 милиони евра заклучно со ноември минатата година, објави Народната банка. Со тоа, за 11 месеци вкупните странски инвестиции достигнаа 287,2 милиони евра.
Податокот за зголемување на странските инвестиции на крајот од 2011 година е очекуван, со оглед на тоа што неколку познати компании почнаа да градат фабрики во земјава. Американската компанија Кемет електроникс, инвестираше 12 милиони евра а  изградбата на фабриката веќе е при крај. Со производство на ретровизори за автомобили наскоро треба да почне и индиската групација Мадерсон, којашто исто така почна со изградба на погонот во Бунарџик.

Претходниот месец со пробно производство почна да работи и втората фабрика на американскиот автомобилски гигант Џонсон контролс за производство на навлаки за автомобили во погоните во фабриката во Штип, инвестиција вредна 20 милиони евра.

На крајот на оваа или почетокот на следната година се очекува да почне со работа и најголемата досега странска инвестиција во Македонија, фабриката на германски Кромберг и Шуберт, чијашто изградба се проценува на 20 милиони евра.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ