Домашни и странски инвеститори купија парцели во Жабени

Три австралиски компании, една германско-грчка и македонски инвеститори купија 16 парцели во индустриската зона Жабени на спроведеното јавно електронско наддавање. Битолскиот градоначалник Владимир Талески вели дека 15 парцели се наменети за индустриски објекти, а една е за комерцијален објект.
„Продадено е земјиште со површина од 9,2 хектари кое заедно со претходната продажба значи дека во индустриската зона Жабени досега се продадени околу 34 хектари или повеќе од 60% од предвидените површини за изградба на фабрики и други стопански објекти“, истакна Талески.
Во Жабени свој бизнис ќе може да почнат 24 инвеститори кои изградбата на објектите ќе ја почнат напролет.