Проблеми на Европски универзитет?!
Бојо Андревски ќе се сели во Чикаго, професорите и студентите на Европски универзитет во паника?!

Професорите се исплашени за судбината на Европски универзитет, за кој се шпекулира дека ќе биде продаден или затворен поради лоша финансиска состојба на сопственикот?! „Капитал“ вчера контактираше со Андревски, сопственикот на Европски универзитет, кој потврди дека се сели во САД, каде ќе отворал универзитет во Чикаго, а подоцна и во Лондон.
„Капитал“ од професори вработени на Европскиот универзитет дознава дека повеќе професори размислуваат да си одат, незадоволни од раководството, предводено од сопственикот Бојо Андрески. Дознаваме и дека студентите се плашат дека ќе останат без диплома.
Според овие информации, неизвесна е судбината не само на Европскиот универзитет, туку и на другите бизниси на Андрески, кој е присутен и во секторот медиуми и печатарска дејност?! Бојо Андревски за „Капитал“ вчера изјави дека наскоро ќе се отселел во САД каде што ќе го разработувал својот универзитет во Чикаго!
Во меѓувреме, додека Андревски ги спрема пасошите за САД, професорите се исплашени за судбината на Европски универзитет, за кој се шпекулира дека ќе биде продаден или затворен поради лошата финансиска состојба на сопственикот, па бараат нова работа?! Студентите не знаат дали ќе земат диплома и што ќе се случи со нивното школување доколку се затвори универзитетот?! ...
Целиот текст може да го прочитате тука.