Објавено 06 февруари 2012, 10:00, во Македонија
Share |
Print page

Кредити ќе има сè помалку и ќе бидат сè поскапи

Александар Јанев

Банкарите не се откажуваат од добро познатата конзервативна стратегија – наместо во кредити, најголем дел од парите ги инвестираат во безризични државни и благајнички записи

Падот на производството и извозот како последица од ударот од еврокризата, ги натера банкарите уште повеќе да ги затегнат условите за кредитирање. Според најновите проценки на Народната банка, кредитирањето годинава ќе порасне за само 7,6%, што е помалку дури и од кредитниот пораст остварен минатата година од 8,5%.

Во време кога лошите кредити уште повеќе растат, банкарите си останаа доследни на добро познатата конзервативна кредитна стратегија – наместо во кредити, најголем дел од парите ги инвестираат во безризични државни и благајнички записи.

Бизнис-секторот, кој почна силно да ги чувствува негативните ефекти од кризата во Европа, стравува дека отежнувањето на пристапот до кредити дополнително ќе ги продлабочи ликвидносните проблеми со кои се соочува.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ