Владата ќе преговара со Светска банка за заем со 0,9% камата

Светската банка одвои 27 милијарди евра за земјите од Југоисточна Европа и од Азија како инструмент против ефектите од еврокризата. „Капитал“ дознава дека Владата ќе почне да преговара за заем за финансирање на годинешниот буџетски дефицит
Владата наскоро ќе почне преговори со Светска банка за нов заем за финансирање на минусот во државната каса годинава, дознава „Капитал“. Светската банка, која застана како гарант и во последното задолжување на Владата за 130 милиони евра кај две странски комерцијални банки, понуди антикризен фонд од 27 милијарди евра за земјите од Југоисточна Европа и од Азија за превенција на ударите од еврокризата. Засега, не се знае за колкава сума ќе преговараат Владата и Светска банка, меѓутоа, за да се покрие буџетскиот дефицит и за да се вратат старите долгови што достасуваат годинава потребни се вкупно 290 милиони евра.
Од Светска банка за „Капитал“ откриваат дека овие пари Македонија може да ги добие со камата од само 0,9% на годишно ниво, грејс-период до 10 години и рок на достасување до 18 години. Економистите оценуваат дека во услови на тотална нестабилност на светските пазари на капитал, ова е екстремно поволна понуда, која Владата не смее да ја пропушти. Освен за буџетска поддршка, парите од фондот на Светска банка може да се користат и за спроведување структурни реформи, да се пласираат како кредити за малите и за средни компании или пак, за помош на најранливите категории граѓани.
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.