Објавено 31 јануари 2012, 12:25, во Македонија
Share |
Print page

Ставрески лани направил премолчен ребаланс на Буџетот?!

Александар Јанев
Ставрески лани направил премолчен ребаланс на Буџетот?!

Приходите во Буџетот лани потфрлија за 180 милиони евра, што е за 7,5% помалку во споредба со проекциите. Но, истовремено министерот за финансии, Зоран Ставрески, за толку ги намалил и трошоците, со што практично направил ребаланс на Буџетот, заобиколувајќи го Собранието

Државната каса во 2011 година остана попразна за 180 милиони евра, бидејќи буџетските приходи потфрлија за 7,5% споредено со проекциите, покажаа најновите податоци на Министерството за финансии. Наместо 2,42 милијарди евра колку што беше испланирано, државата успеа да собере од даноци, придонеси и неданочни приходи 2,24 милијарди евра. Најголемо потфрлување е евидентирано во наплатата на придонесите и персоналниот данок што упатува на заклучок дека кризата лани најмногу се манифестирала преку отпуштање на дел од вработените и намалување на платите. Приходите од ДДВ кои важат за главен извор на пари во Буџетот, пак, се зголемени за 2,3%. Кај неданочните приходи, намалување е регистрирано кај речиси сите ставки – капиталните приходи, административните такси и странските донации...

Целиот текст може да го прочитате ТУКА

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ