Објавено 24 јануари 2012, 08:36, во Македонија
Share |
Print page

Втората транша од ЕИБ, до крајот на јануари?!

Бизнисмените очекуваат втората транша кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) да биде достапна за компаниите до крајот на јануари. Златко Калеников, претседател на Сојузот на стопански комори, вели дека очекува парите да бидат префрлени во деловните банки веќе следната недела. Премиерот Никола Груевски потенцираше дека станува збор за средства од 50 до 100 милиони евра.
„Тоа е директна интервенција во приватниот сектор со субвенционирање камати за македонските компании. Се разбира, за да нема политички влијанија, сите тие кредити одат преку комерцијалните банки и тие ги одредуваат компаниите кои ги исполнуваат стандардите, а во финалето Македонската банка за развој ги доделува кредитите по претходна согласност со некоја од комерцијалните банки“, рече Груевски.


 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ