Акциите со висок дивиденден принос најдобри за инвестирање во 2012!
Ива Балчева

Компаниите со дивиденден принос повисок од 5% и со стабилни финансиски резултати се добро место за парите на инвеститорите. Иако постои ризикот од варирање на пазарната цена, високата дивиденда дава сигурност за инвеститорите
Ако прашате некој инвеститор во што планира да го вложи вишокот пари во 2012 година, ќе ви каже дека сте му го поставиле најтешкото прашање. Ова е уште потешка одлука за кој било индивидуален македонски инвеститор, бидејќи тој, пред сè, е предодреден на македонскиот пазар, а таму состојбите се повеќе од очајни. Берзанскиот промет е симболичен, иако цените на хартиите од вредност се на дното, пазарот на недвижности е замрен, инвестициските фондови се неатрактивни, а банкарските камати за штедење не растат. Од друга страна пак, е дилемата - сигурност на влогот или висок принос во услови на тотална економска и финансиска неизвесност на домашен и на европски терен.
Во принцип, инвеститорите во криза ја намалуваат изложеноста на ризик и заземаат дефанзивна стратегија, бирајќи инструменти кои носат помал принос. „Капитал“ анализира кои се инструментите кои ќе го привлечат вниманието на инвеститорите во Македонија идната година...
Целиот текст може да го прочитате тука.