Ниту Бафет не може да ја крене Берзата!?
Ива Балчева

Иако најголем дел од акциите се под нивната книговодствена вредност, а дел носат и добар дивиденден принос, на Македонската берза нема нови инвеститори, а слабите дневни промети кои не надминуваат 200.000 евра покажуваат дека ниту постоечките не се спремни за поголеми вложувања
Ниту филозофијата на Ворен Бафет не може да ја разбуди Македонската берза. Иако голем дел од акциите подолго време се паднати под нивната книговодствена вредност, а истовремено многу компании нудат добри дивидендни приноси, нема нови инвестиции на пазарот, ниту од дома, ниту од странство.
Аналитичарите велат дека телекомуникацискиот сектор, фармацијата, банкарството и градежништвото моментално се сектори чии акции имаат најголем потенцијал, затоа што акциите на овие компании се најпрофитабилни. Топ 4 акции за купување поради добрите финансиски резултати на компаниите и дивидендата која ја одвојуваат за акционерите, аналитичарите ги наведуваат акциите на Македонски Телеком, Алкалоид, Комерцијална банка и Гранит.
„Гледајќи го дивидендниот принос, акциите на Македонски Телеком се најпривлечни од тој аспект, бидејќи е највисок од сите котирани компании. Исто така би ги одвоил акциите на Алкалоид, Комерцијална банка и Гранит како едни од најдобрите и најперспективните моментално на берзата, поради стабилност во работењето и дивидендниот принос“, вели Коста Костадиновски, директор на Илирика фонд менаџмент...
Целиот текст може да го прочитате тука.