Зошто се кријат акционерите кои имаат под 5% од акциите во компаниите?!

Во Македонија е тајна кои се акционерите кои поседуваат под 5% од капиталот, иако дури и во земјите од регионот ова веќе не е табу-тема. На пример, во Србија јавно се достапни имињата на сите акционери во компаниите. Зошто тоа не е случај и во Македонија?
Иако многу работи се сменија на пазарот на капитал во земјава, веќе осум години акционерите кои поседуваат под 5% од капиталот останаа анонимни за јавноста. Ако некој потенцијален инвеститор посака да се запознае со сопственичката структура на некое акционерско друштво, односно да види кој сè управува со него, на страницата на Централниот депозитар за хартии од вредност може да ги дознае само сопствениците на удели поголеми од 5%. Акционерот што има 4,9% од акциите и тој со 5,1% имаат различен третман во поглед на транспарентноста според Законот за трговски друштва.
Во земјите од регионот ова веќе не е табу-тема. На пример, во Србија јавно се достапни имињата на сите акционери во компаниите. Зошто тоа не е случај и во Македонија? На кого му оди во прилог ваквиот закон?
Експертите се согласни дека „малите“ акционери се од големо значење за една економија и дека често знаат анонимно да се поврзат и да формираат критична маса со која имаат пресудно влијание во донесувањето одлуки во компанијата.
Според Тито Беличанец, професор на Правниот факултет во Скопје и еден од главните креатори на Законот за трговски друштва, во многу земји во светот јавното објавување на акционерите под 5% е лимитирано.
„Посебно во Европа, која за разлика од Македонија е и многу порестриктивна, што не е случај во САД, каде што постои поголема транспарентност. Во македонскиот закон оваа одредба е воведена со цел заштита на акционерските друштва како ентитети и на ситните акционери, кои според искуствата многупати беа под разни притисоци и закани за губење работно место“, вели Беличанец...
Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "КАПИТАЛ" од 13 декември 2011 година (вторник).