Интервју со Синиша Крнета, директор за бизнис-операции на Белградската берза
Спојувањето на балканските берзи ќе ја отвори Пандорината кутија!

Синиша Крнета е директор за бизнис-операции на Белградската берза и десна рака на генералната директорка Гордана Достаниќ. Како еден од клучните берзански директори во регионот, а без влакна на јазикот, “Капитал“ со него разговараше за најболното прашање - интеграцијата на берзите во регионот и соработката со Виенската берза, како една од клучните европски берзи за развој на пазарите во Југоисточна Европа.
Едно од најактуелните прашања на српскиот финансиски пазар оваа година беше продажбата на Телеком Србија, но владата не ја прифати понудата од Телеком Австрија. Сепак, продажбата останува како цел. Кој е најдобриот модел за приватизација на српските претпријатија и каков ефект ќе имаат претстојните приватизации на Белградската берза?
Во случајот со Телеком Србија треба да се продадат 51%. Од нив 31% се во сопственост на државата, а 20% на грчката компанија ОТЕ. Тоа значи дека компанијата треба да добие стратешки партнер со 51%, Владата да остане со околу 30%, а граѓаните би имале 20%. Приватизацијата на државните компании преку берзата е исклучително напорна работа. Станува збор за компании од кои секоја има по 4,82 милиони акционери, што е огромен број за пазарот, за обработка на нивните налози. Има денови кога на Белградската берза дневно стигнуваат и по 50.000, 80.000, па и 100.000 налози за тргување. Во април беше остварен рекорд во бројот на трансакции на дневно ниво. Во еден од најфреквентните денови завршивме со 217.000 трансакции. Многу е тешко да се проценат ефектите во овој момент. Што се однесува до моделот на приватизација, на берзата инсистиравме дека е најдобро државните компании од стратешко значење да се приватизираат преку иницијална јавна понуда на акции (ИПО), со која ќе им се овозможи на граѓаните по поволни финансиски услови да учествуваат во приватизацијата, односно да станат акционери. Ова не е ништо ново. Иницијалните јавни понуди како модел на приватизација прво заживеаја минатата деценија во Унгарија. Унгарскиот модел многу го поддржува пазарниот момент...
За целото интервју кликнете тука.