Објавено 08 јули 2011, 12:30, во Македонија
Share |
Print page Што можеме да искористиме од грчката криза

Грците го селат бизнисот во Македонија?!

Александар Јанев
Грците го селат бизнисот во Македонија?!

Грчки бизнисмени се интересирале да го преселат бизнисот во Македонија за да ги одбегнат високите даноци што ги усвои Владата во Грција како дел од планот за штедење, дознава “Капитал“ од дипломатски извори. Засега нема конкретни компании кои донеле одлука да го селат бизнисот од Грција во Македонија, но сe почесто менаџерите прашувале какви се условите за инвестирање во земјава.

“Неколку грчки бизнисмени веќе се јавија за да дознаат каква е бизнис-климата во земјава, прашуваат какви се условите за да ги преселат своите бизниси тука. Меѓутоа, тие бираат меѓу неколку земји на Балканот за тоа каде да инвестираат. На пример, интерес има за инвестирање во Бугарија, каде што економската состојба е поразлична од тука, пред сe, поради тоа што е членка на Европската унија и ги има спроведено сите европски закони што го засегаат бизнисот“, коментираат од Канцеларијата за врски на Грција во Скопје. Конкуренцијата со останатите земји на Балканот, кои исто така важат за даночни раеви, како што се декларира и Македонија, ги руши оптимистичките очекувања дека сепак грчката драма ќе се одрази позитивно врз македонската економија. Бугарските медиуми веќе објавија дека неколку фирми од почетокот на годината го преселиле производството во Бугарија, со што вкупниот број на грчки компании што работат таму достигна 800. Само за споредба, во Македонија активно рабоатат околу 250 грчки компании. Ниту последните податоци за приливот на инвестиции од јужниот сосед, според кои во првите три месеци од 2011 година, само 1,4 милиони евра грчки капитал влегол во земјава, не укажуваат на зголемена инвестициска активност од Грција.

За целиот текст кликнете тука.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



КАПИТАЛ ДЕНЕС


РЕКЛАМИ

Капитал изданија

РЕКЛАМИ