Објавено 13 февруари 2012, 12:20, во Lifestyle
Share |
Print page

Заштитете ги очите при работата на компјутер

Заштитете ги очите при работата на компјутерАко гледате во компјутерскиот екран повеќе од три часа дневно, голема е веројатноста да патите од главоболка, суви или воспалени очи, заматен вид, болки во вратот и грбот или општ замор.

Правилната положба на мониторот, осветлувањето, положбата на телото, редовниот одмор и редовната проверка на видот кај офталмолог ќе ви помогнат да ги заштитите очите и целокупното здравје. Мониторот треба да биде поставен точно пред вас, а погледот да биде малку спуштен – првиот ред треба да биде околу 20˚ под нивото на очите. Одберете LCD монитор со големина од барем 17‘‘ или монитор со поголема фреквенција, бидејќи помалку го заморува видот.

Силната светлина исто така може да предизвика проблеми при прилагодувањето на окото. Проверете го и отсјајот на мониторот – во него не смее да се гледа одраз од прозорецот или од светилката.

Добрата положба на телото значи дека грбот и главата се исправени, лактите се покрај телото и во линија со тастатурата, а зглобовите опуштени. Колената треба да бидат во линија со колковите, а столот да биде ергономски прилагоден.

Очите треба да ги одморате на секои 20 минути: насочете го погледот кон некој пооддалечен објект (пожелно на оддалеченост од околу 20 метри) и гледајте во него 20 секунди – ова е таканареченото правило „20-20-20“. Правете десетминутна пауза после секој час работење, а важно е и редовно да го чистите мониторот.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ