Објавено 31 јануари 2012, 11:25, во Lifestyle
Share |
Print page

Постапки кои можат да го изнервираат вашиот шеф

Постапки кои можат да го изнервираат вашиот шефБез оглед дали се надевате на унапредување или едноставно се обидувате да изградите добри односи на работното место, важно е да разберете како функционира вашиот шеф – што цени, што почитува, а што не може да поднесе. Притоа, најдобро е да избегнувате некои од следниве постапки:

1. Доцните, а во канцеларија влегувате со кафе во рака – Ако доцните 20 минути на работа, а влегувате релаксирано, со кафе во рака, голема е веројатноста дека тоа нема да биде добро примено. Затоа, ако немате доволно време, прескокнете го кафе-барот.

2. Не сте примерно облечени – Шефот сигурно нема да биде одушевен ако мора постојано да ве опоменува околу вашата облека. Потрудете се секогаш да изгледате професионално.

3. Постојано ги истакнувате вашите достигнувања – Самопофалбите се добри понекогаш, но ако гласно триумфирате над секоја мала победа, ќе ги иритирате и колегите и шефот. Оставете ги пофалбите за евалуациите на крајот од годината или кога сакате да постигнете одредена цел – на пример, кога треба да преговарате околу платата.

4. Велите „ќе се обидам“ наместо „ќе го направам тоа“ – Кога шефот ќе ве праша дали можете да извршите одредена задача, тоа значи дека од вас се очекува да го сторите тоа. Внимавајте како ги формулирате одговорите, бидејќи можат да звучат поинаку во увото на менаџерот. Наместо да кажете „Ќе се обидам да го направам тоа“, одговорете „Нема проблем, ќе го направам тоа штом ќе завршам со оваа задача“.

5. Поставувате лични прашања – Малите разговори со шефот се добредојдени, но внимавајте да не ја минете границата на пристојноста, поставувајќи премногу лични прашања.

6. Ги озборувате колегите – Никој не сака шпиони и умилкувачи. Ако му ги раскажувате на шефот тајните на вашите колеги, тоа повеќе зборува за вашиот карактер, отколку за нивниот.

7. Ставате „Like“ на секој статус на шефот – Можеби сте пријатели на Facebook, но тоа не значи дека треба да ставате „Like“ и да коментирате на секоја негова/нејзина фотографија или статус. Одржувајте ја сајбер-комуникацијата на минимум.

8. Работната маса ви е неуредна – Со тоа што масата ви е уредна, го покажувате своето чувство на одговорност.

9. Ги занемарувате телефонските повици и мејловите – Ако не одговарате на повиците и мејловите кои ви ги праќаат клиентите или колегите, тие ќе бидат принудени да се обратат кај вашиот шеф, при што најверојатно нема да имаат убави зборови за вас.

10. Постојано сте деловни – Немојте да бидете робот кој доаѓа наутро во канцеларијата, работи и попладнето си оди дома. Учествувајте во разговорите, смејте се, шегувајте се. Така повеќе ќе уживате во работата, а притоа ќе им дозволите на колегите и подобро да ве запознаат како личност.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ