„Најнељубезни“ градови во САД

Врз основа на истражувањето кое го спроведе часописот Time + Leisure magazine за 2011 година, беше составена листа од омилени и нељубезни американски градови, врз основа на повеќе критериуми – од ноќен живот, до барови и културни содржини, шопинг, како и жителите на самиот град.
Во текстот се вели дека Њујорк е и најразновиден град, полн со спротивности, што објаснува зошто понекогаш може да делува „непријателски“. „Њујоршките манири се непознати за мнозинството луѓе, но тие, всушност, немаат намера да бидат безобразни“, пишува во часописот.
Мајами е втор по ред на листата на „нељубезни“ градови, но исто така, се наоѓа на четвртото место според своите барови и ноќните журки, и приредува фантастични новогодишни дочеци. Меѓу првите пет најнељубезни градови се наоѓаат и Вашингтон, Лос Анџелес и Бостон.
Лас Вегас се наоѓа на 12тото место, а не успеа да победи ниту во категоријата за најдобар ноќен живот, каде што првото место му припадна на Њу Орлеанс. За највалкани градови беа прогласени Њујорк и Балтимор, а за најбучни – Њујорк и Лас Вегас.
Во истражувањето учествуваа и туристи и жителите на градовите.