Објавено 09 јануари 2012, 14:45, во Lifestyle
Share |
Print page

Трикови за брзо освежување на домот

Трикови за брзо освежување на домотСо помош на неколку практични и едноставни совети, ќе внесете свежина во својот дом, без преголеми финансиски трошоци.

- Доколку подот во домот е прекриен со покривки кои ги изгубиле убавината и сјајот, ставете акцент на нов килим, кој може да биде со помали димензии, но со поизразени мотиви или бои. На тој начин ќе го пренасочите вниманието кон овој детаљ, кој ќе му даде на просторот нова димензија. Поврзете ги боите на килимот со бојата на завесите и украсите, за да добиете складна целина.

- Со промена или додавање на светилки, можете да создадете повеќе видови на амбиентално осветлување со кое, во зависност од расположението и пригодата, ќе создадете пријатна атмосфера во домот. Водете сметка светилките да бидат зглобни, поради поедноставно насочување на светлината.

- Ако ви здодеал постоечкиот мебел, промената на вратичките од шкафовите и орманите може да внесе доволно освежување во вашиот дом. Одберете бои кои се вклопуваат во постоечките, ако сакате мирно опкружување, или контрастни бои, ако сакате да внесете динамика во просторот.

- Променете го распоредот на елементите во собите и така зголемете ја функционалноста на просторот. Исфрлете ги непотребните елементи и дополнете го целокупниот изглед со нови детали, како слики, украси, собни растенија или светилки.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ