Објавено 26 декември 2011, 15:00, во Lifestyle
Share |
Print page

Помалку калории, подобра концентрација

Помалку калории, подобра концентрацијаАко наместо десерт, по ручекот испиете само кафе, вашиот мозок ќе работи и ќе памети подобро, покажува истражувањето на група научници на универзитет во Рим. Околу 600 калории помалку на ден го зголемуваат количеството на протеини во мозокот, поради што тој може да работи побрзо.

Протеинот CREB1, кој е познат по своето влијание врз учењето и помнењето, засилено се лачи ако јадеме помалку. Кафето и чајот се, исто така, погодни за неговото лачење, бидејќи кофеинот го засилува производството на протеини во мозокот.

„Станува збор за само 25% до 30% од калориите кои можеме да ги исфрлиме, за мозокот подобро да работи. Освен што ќе ослабиме, ќе бидеме и попаметни“ – вели авторот на истражувањето, Џовамбатиста Пани. Тој тврди дека редукцијата на калории би можела да помогне во зачувувањето на здравјето како еден од начините за одбрана од Алцхајмеровата болест.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ