Мрза

Сопственикот на некоја голема фабрика решил ненадејно да ги посети работниците за да ги провери колку работат.
Само што влегол во фабриката, видел едно младо момче како мрзеливо се потпира на ѕидот и ништо не работи. Налутен, му пришол на момчето и го прашал:
„Колку заработуваш неделно?“
„Три илјади денари“, одговорило момчето.
Сопственикот го извадил паричникот од џеб, му дал три илјади денари и му рекол:
„Еве ти ја платата за неделава, а сега оди си и не се враќај!“
Потоа се завртел кон надзорниците во погонот:
„Колку време работеше оваа мрза овде?“
„Кој, момчено?“, прашал еден од надзорниците. „Па, тоа не работи овде, само дојде да достави пица!“