Суперавтомобил од Словенија - Шајтон Еквилибриум

Група на словенечки ентузијасти, конструираше автомобил, кој според перформансите е еден од најмоќните во светот.Словенците сакаат со својот суперавтомобил да им коnкурираат на Бугати, Ламбурџини и останатите.
Овој суперавтомобил се вика Шајтон Еквилибриум и треба да постигне брзина поголема од 400 км/ч. За погонот е задолжен В12 мотор кој развива 1084 КС при 5000 о/мин и 900 Нм обртни метри. Спринт до 100 метри ми бил за околу 2.9 секунди, а до 200 метри 8.5 секунди.
Суперавтомобил нема да биде потежок од 1200 килограми брагодарејќи на структурата од алуминиум, јаглени влакна и титаниум. Без сомневање Шајтон изгледа многу атрактивно и на него се гледаат делови од Енцо и Зонда.
Името Шајтон значи сокол на јазикот на Сиуксите, американските Индијанци, и ѓавол на персиски и арапски јазик. Се очекува овој автомобил да чини околу 1.4 милиони евра, а Словенците планираат да произведуваат 20 примероци годишно. Но пред тоа, пред нив е голема работа, мораат да соберат финансиски средства од инвеститори.