Објавено 23 февруари 2012, 08:41, во Европа
Share |
Print page

Доминик Штрос-Кан ослободен од притвор

Поранешниот извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Штрос-Кан, кој во вторникот беше приведен под сомнение за соучесништво во сводништво и прикривање злоупотреби е ослободен од притвор во северниот француски град Лил, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на свои дописници.

Адвокатката на Штрос-Кан, Фредерик Болио, изјави дека нејзиниот клиент е целосно ослободен откако бил ислушан. Тој совршено мирно им одговарал на прашањата на иследниците. Полицијата во Лил истражува претпоставена мрежа за проституција во Франција и Белгија со замешани полицајци и други претставници на властите.

Штрос-Кан бил распрашан во врска со неговото претпоставено учество во „слободни вечери“, посебно во Париз и Вашингтон, за да се утврди дали знаел дека поканетите жени се проститутки. Серија патувања на проститутките биле организирани и финансирани од двајца француски бизнисмени, посочуваат француските медиуми.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија