Објавено 22 февруари 2012, 16:13, во Европа
Share |
Print page

ГМ и Пежо заедно ќе произведуваат автомобили за европскиот пазар

Француската компанија ПСА Пежо Цитроен и американскиот автомобилски гигант Џенерал Моторс (ГМ) се во напредни преговори за создавање алијанса преку која со здружени сили ќе произведуваат автомобили и делови за автомобили во Европа, објави вчера лондонски Фајненшал Тајмс.

Доколку се договорат за партнерство, Пежо и подружницата на ГМ во Европа, Опел, заедно ќе развиваат мотори, преносни системи и автомобили кои ќе се продаваат под нивните брендови. Компаниите сеуште не потпишале никаков договор, но преговорите продолжуваат, а целосната стратегија на компаниите ќе биде објавена на почетокот од март, пренесува весникот.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија