Објавено 22 февруари 2012, 08:45, во Европа
Share |
Print page

ЕУ „замрзна“ дел од фондовите за Романија

Европската комисија „замрзна“ финансиски средства наменети за развој на човековите ресурси во Романија во износ од 3,5 милијарди евра, затоа што ревизорите откриле неправилности, изјави портпаролот на романската влада Дан Сучу.

Споменатите средства се дел од програмата за развој на човековите ресурси, од која се финансираат работната обука, трговските здруженија, невладините организации и компаниите кои вработуваат ранливи општетсвени групи, како Ромите, пренесуваат агенциите.

Владата во Букурешт се надева дека до крајот на март ќе најде решение за проблемот за финансирањето повторно да се воспостави, изјави портпаролот. Романија, една од најсиромашните членки на Унијата, има право во перидоот меѓу 2007 и 2013 годиона да добие помош од Унијата во износ до 20 милијарди евра, за да може да фати чекор со развиените членки на ЕУ, но досега таа искористи само 6,3 % од овој износ.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија