Објавено 21 февруари 2012, 16:20, во Европа
Share |
Print page

Европскиот пазар на гас е во криза

Неодамнешниот период на многу ниски температури во Европа претставува ново предупредување дека европскиот пазар на гас е во криза и дека за овој сектор се потребни долгорочни вложувања и планирање, оцени Александар Медведев, потпретседател на рускиот енергетски гигант Газпром, за љубљанскиот весник „Дело“.

„Неодамнешните долготрајни ниски температури во Европа треба да бидат предупредување дека европскиот пазар на гас е во систематска криза. На Европа и треба ладнокрвна расправа за тоа како да привлече нови инвестиции во областа на природниот гас, а тоа е клучно за сигурно снабдување со овој енергенс“, рече Медведев за водечкиот словенечки дневен весник, додавајќи дека ЕУ би морала долгорочно да ги планира и договара потребните количини на руски гас во својот енергетски биланс.

„Европската унија се уште не дефинирала јасно колку природен гас ќе и треба за нејзиното енергетско снабдување откако ќе истечат сегашните договори“, наведе Медведев, додавајќи дека за припрема на новите гасни полиња ќе бидат потребни многу време и пари.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија