Украина обезбеди 4,56 милијарди долари странски инвестиции
Украина во 2011 година обезбедила 4,556 милијарди долари директни странски инвестиции во споредба со 4.655 милијарди во 2010 година, соопшти државната служба за статистика. Од стекнувањето на независноста Украина акумулирала 49,362 милијарди долари странски инвестиции или 1.084 долари по жител, пренесоа западни агенции.
Најголем дел од инвестициите од почетокот на 2011 година се обезбедени со приватизацијата на националната телекомуникациска компанија „Укретелеком“, и тоа во првото полугодие од годината. Пакет со 92,79 % акции е продаден на австриската компанија ЕПИК за 10,575 милијарди гривни (1,3 милијарди долари).
Според официјалните статистички податоци во 2011 година најмногу се зголемени вложувањата на инвестотирите регистрирани на Кипар, за 2,6 милијарди долари, додека инвестициите од Австрија лани биле втори по големина - 691.7 милиони, заедно со 444,6 милиони вложени во финансискиот сектор.Украинските инвеститори лани во економиите на други земји вложиле само 30 милиони долари.