Објавено 20 февруари 2012, 16:21, во Европа
Share |
Print page

Британската банка Лојдс ТСБ ги намалува бонусите на менаџерите

Една од најголемите британски банкарски групации "Лојдс ТСБ",соопшти дека ќе им ги намали доделените бонуси за работењето во претходната година на раководниот тим на банката, во вкупен износ од преку два милиони фунти. 
Ваквото решение се однесува нза десетмината извршни директори на банкарската групација, меѓу кои е и поранешниот генерален директор Ерик Даниелс, кој веќе не е во „Лојдс". Четворица од овие десетмина беа членови на Одборот на директори. Поранешниот прв човек на банката, Американецот Даниелс се предвидува да загуби меѓу 40-50 % од доделениот бонус од 1,4 милиони фунти за минатата година.

Ова е првпат една британска банка да им ги одзема веќе доделените бонуси на своите поранешни и сегашни функционери, затоа што на крајот од годината финансиските резултати на „Лојдс ТСБ“ беа полоши од оние што се очекуваа.

Оваа банка е една од неколкуте што се спасуваа од крах во 2008 година, по кредитниот удар,со државна интервенција и со итно префрлање буџетски пари за подобрување на нејзината нарушена ликвидност.
Блокирањето на бонусите и нивното драстично намалување е резултат на силниот политички притисок, пред се, од владиниот партнер во коалицијата, британските либералдемократи и опозициските лабуристи.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија