Ферари оствари рекордна продажба во 2011
Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ферари има рекордна продажба во минатата година со приходи од 2,3 милијарди евра. Можеме да бидеме сосема задоволни, изјави Лука ди Монтечемоло, претседател на Ферари. Тој нагласи дека тие резултати се постигнати благодарение на нови вложувања и покрај потешкотиите со кои се соочува Европа. Вупниот приход лани се зголемил за 17% од продажбата на околу 7.200 автомобили во светот.
Управата проценува дека испораките ќе продолжат да растат во следниот период и дека ќе се прошири на 58 држави од Азија до Јужна Америка. Ди Монтечемоло изјави дека очекува продажбата во следните осум години да биде околу осум илјади луксузни автомобили и голем дел од тоа ќе зависи од Индија, Јужна Америка и Кина каде постои потенцијал за раст на пазарот. Во Кина лани биле продадени 500 автомобили што е за 300 повеќе отколку во 2010 година.