Објавено 20 февруари 2012, 08:48, во Европа
Share |
Print page

Прага и Лондон бараат поддршка на единствениот пазар на ЕУ

Чешка, Велика Британија и неколку други европски земји подготвуваат иницијатива, која треба да изврши притисок за поголема „агресивност“ на Европскиот совет во врска со прашањата на економскиот раст на Унијата и функционирањето на нејзиниот внатрешен пазар.

Писмото адресирано до претседателот на ЕС, Херман Ван Ромпуј освен чешкиот премиер, Петр Нечас и неговиот британски колега, Дејвид Камерон се очекува да биде потпишано и од холандска, шведска, естонска, италијанска и словачка страна, како и од други земји. Чешка и Велика Британија одлучија да не се приклучат кон подготвениот Договор на европските земји за фискална одговорност во еврозоната, која треба останатите 25 земји на ЕУ да го потпишат на самитот во март.

Двете земји сметаат дека ги спојува заеднички интерес токму на понатамошно продлабочување на единствениот пазар на ЕУ и се обидуваат да ги заострат заклучоците на ЕС по прашањата на внатрешниот пазар и агендата за економски пораст. Оваа тенденција од чешка страна ја потврди и советникот на Нечас за европска проблематика Војтех Белинг.

Нечас уште во декември минатата година изјави дека заедничкиот европски пазар не би требало да биде „некаква Пепелашка“ во споредба со заедничката валута, еврото. Моментално под заеднички пазар потпаѓаат само 40 проценти од стоките и службите во Европа. На темата за заедничкиот пазар, чешкиот премиер често пати се навраќа.

Тој смета дека „токму пристапот на ЕУ кон агендата на слободниот пазар во голема мера ќе покаже дали ЕУ сака навистина да оди по патот на порастот и конкурентноста и така да остане значаен светски играч или сака да се изолира и да одумре“.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија