Објавено 17 февруари 2012, 16:16, во Европа
Share |
Print page

Најскап фри шоп во Прага, најевтин во Лондон

Купувањето во бесцаринските продавници на Аеродромот Прага е поскапо отколку на другите големи европски аеродроми, додека на лондонскиот Хитроу е најевтино, покажа истражувањето на германскиот автоклуб ADAC.

Тестот на германскиот автоклуб ги опфати цените во фри шоповите на 11 водечки европски аеродроми. Со него е утврдено колку на купувачот на секој од аеродромите му е потребно пари за купување 12 производи - парфеми, козметика, алкохол, слатки и цигари.

Додека во Прага за купување се потрошени 565 евра, во британската метропола истите работи чинеле 435 евра.Најголеми разлики во цената ADAC утврдил кај козметиката, алкохолот и цигарите. Во првите две категории, Прага е најскапа, додека од друга страна, цигарите се најевтини.

На аеродромот во Рузиње во Прага патник за еден литар брендиран коњак ќе плати 67 евра, додека во Лондон за истото шише му се доволни само 37 евра. Еднакво голема е и разликата во цените на козметиката. На прашкиот терминал една крема чинела повеќе од 100 евра, додека во Минхен била 74 евра.

Наспроти тоа, на штека цигари купувачите на Рузиње ќе заштедат 25 евра, бидејќи во Париз за истата марка ќе платат 58 евра. ADAC тестирањето го спроведе заедно со холандскиот автоклуб ANW од јули до ноември минатата година.

Цените, покрај Прага, Лондон, Париз и Минхен, се споредени уште и на аеродромите во Франкфурт, Дизелдорф, Рим, Барселона, Амстердам, Брисел и Виена.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија