Објавено 17 февруари 2012, 12:03, во Европа
Share |
Print page

Германскиот претседател се откажа од функцијата

Германскиот претседател Кристијан Вулф поднесе оставка.Германската опозиција претходно денеска го повика Вулф да се повлече од функцијата, откако обвинителството побара од Парламентот да му го одземе имунитетот поради обвиненијата за корупција.

Од средината на декември минатата година 52-годишниот Вулф е подложен на жестока критика во германските медиуми, кои го обвинуваат за обид за прикривање на аферата со приватниот кредит, добие од сопругата на пријател индустријалец, додека бил регионален премиер, посочуваат агенциите. Оттогаш не минува ниту една недела а да не се појави нов скандал околу името на претседателот.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија