Објавено 17 февруари 2012, 14:16, во Европа
Share |
Print page

Пад на профитот на Сосиете Женерал

Француската банка Сосиете Женерал соопшти дека забележала пад на профитот во последниот квартал од минатата година, главно заради изложеноста на грчкиот долг, се наведува во соопштение на банката.

Сосиете Женерал објави дека имала нето профит од 100 милиони евра во текот на трите последни месеци, заклучно со декември 2011 година, што е пад од 874 милиони евра остварени во претходната година и е далеку под пазарните очекувања, пренесоа американските медиуми.

Во соопштението на банката се истакнува дека нејзините квартални приходи се намалени заради отписот на вредноста на грчкиот долг во обврзници во износ од 622 милиони евра, чија вредност е намелна за 75 %.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија