Објавено 17 февруари 2012, 08:40, во Европа
Share |
Print page

Велика Британија и Франција потпишуваат договор за нуклеарна соработка

Велика Британија и Франција ќе потпишат договор за соработка во нуклеарната енергија за мирнодобски потреби, работејќи заедно на изградбата на нова генерација електрични централи за британските потреби. Договорот вреден половина милијарда фунти (околу 600 милиони евра) што ќе го реализираат компании од двете земји, ќе овозможи само во Велика Британија отворање на нови 1.500 работни места.

Британскиот премиер Дејвид Камерон по тој повод престојува денеска во Париз на средба со францускиот претседател Никола Саркози. Пред заминувањето за францускиот главен град Камерон изјави дека овој договор е само почеток на еден нов (британски) инвестициски циклус, кој треба да достигне вердност од 30 милијарди фунти, што ќе овозможи работа за околу 30 илјади луѓе.

По договорот за „историското партнерство“ во секторот на одбраната, кој беше потпишан минатата година сега Велика Британија и Франција се свртуваат кон соработката во цивилната нуклеарна енергија, рече премиерот Камерон, инсистирајќи дека двете соседни земји може да создадат силно партнерство, кое ќе помогне за унапредување на нуклеарната безбедност и ќе отвори многу нови работни места и во двете земји.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија