Еврообврзниците се наметнуваат како краткорочно решение на еврокризата
Европскиот парламент смета дека еврообрзниците се наметнуваат како краткорочно решение во решавањето на кризата во евро-зоната. Според европратениците еврообврзниците можат да ја фаворизираат стабилноста на евро зоната на краткорочен период, но само откако ќе бидат решение проблемите кои чекаат на решение во моментов.
Во усвоената резолуција ЕП смета дека паралелно со ова треба да бидат воведени и други инструменти за да се одговори на краткорочните побарувања, како пактот за враќање на долгот предложен од германскиот совет на економски експерти. Резолуцијата усвоена со 515 гласови „за“ и 125 „против“, ја поздравува „зелената книга“ на Европската комисија, со која се предвидува воведување на „обврзници за стабилност“, но смета дека е потребно уште работа по некои прашања. Посебно да се направи ситемот попривлечен за земјите оценети со тројното А, како и за тие кои се тешко задолжени. Потоа зголемување на компетитивноста и воведување на систем за намалување на долгот.
Резолуцијата на европратениците нема претензии да тврди дека еврообврзниците ќе дадат брзо решение на актуелните тешкотии во евро зоната. Но усвоениот текст во Стразбур, го става во прв план фактот дека еврообврзниците претставуваат значаен дел од решенијата на краткорочен период. Но за да се издадат заеднички еврообврзници, европратениците признаваат дека е потребна многу поголема координација на буџетските политики, исто како на економските и политиките за равој на земјите-членки на зоната.