Италија западна во техничка рецесија
Економијата на Италија кон крајот на 2011 година повторно западна во рецесија како последица на строгите мерки за штедење, покажуваат официјалните податоци на Националниот завод за статистика (Истат).Италијанскиот бруто домашен производ (БДП) во последниот квартал од 2011 година забележал пад од 0,7 %, по падот од 0,2 % во третиот квартл.
Но, податоците на Истат за цела 2011 година покажуваат дека Италија остварила економски раст од 0,4 %.Италија во рецесија беше и во 2009 година, кога беше регистриран пад од 5,1 % на економијата.
Намалувањето на буџетското трошење лошо влијае врз економскиот раст. Постојат услови за заздравување на потрошувачката со оглед дека стапката на невработеност во декември достигна нов рекорд од 8,9 %, изјави Кјара Корса од банката „Уникредит“.
Италијанската Влада прогнозира пад на БДП од 0,4 %, додека Банка Италија оценува дека падот ќе избесува од 1,2 до 1,5 %, а Меѓународниот монетарен фонд очекува намалување дури за 2,2 %