Саркози објави кандидатура за втор претседателски мандат
Францускиот претседател Никола Саркози објави кандидатура за претстојните избори за претседателската функција во државата на помалку од 10 недели пред изборите и покрај слабите резултати од анкетите.
Да ќе бидам претседател и кандидат за оваа кампања да биде корисна за Французите. Оваа одлука има тежина. Ако одлучив да бидам кандидат, тоа е бидејќи имам што да им кажам на Французите, имам предлози за нив. Претседателот кој е на функција има повеќе обврски, тоа важеше за моите претходници, тоа важи и за мене лично, нагласи Саркози за ТФ1.
Саркози најави дека ќе продолжи со реформите за да ја прилагоди Франција на новата ера која се отвора, за да таа го зачува својот ранг во светот. Саркози изнесе и повеќе предлози. Една од главните мерки предложена од претседателот е обединувањето на двете судски инстанци кои се занимаваат со правото на странците во една единствена.
Ова мерка, која изгледа техничка, всусшност според замислата на Саркози, е да се зголеми бројот на протерувања на странци со нерешен статус во Франција. Откако Саркози е на власт, оваа мерка се претвори во политички показател. За спроведување на овие реформи потребни се промени на Уставот, за што Саркози планира да распише референдум.