Објавено 15 февруари 2012, 16:21, во Европа
Share |
Print page

Пад на БДП-то во еврозоната во четвртиот квартал од 2011 годиан

Еврозоната во последните три месеци од минатата година забележала негативен економски раст од минус 0,3 %, покажуваат денеска објавените официјални податоци, што јасно укажува дека должничката криза ја турка Унијата кон рецесија.

Европската статистичка служба, Евростат соопшти дека во цела 2011 година еврозоната остварила економски раст од 1,5 %, но во четвртиот квартал е забележан пад по растот во третото тримесечје од 0,1 %. Тоа е првиот квартал во кој бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната се намали, уште од второто тримесечје во 2009 година. Еврозоната ќе влезе во рецесија доколку и во првиот квартал од годината оствари негативен економски раст.

Сепак, податоците објавени од Евростат се подобри од прогнозите на аналитичарите, кои очекуваа пад на БДП во четвртото тримесечје од 2011 година за 0,4 % и раст од само 0,7 % во цела 2011 година.

Падот на вкупната економска активност во еврозоната е последица на комбинацијата од неизвесност и финансиски стрес предизвикан од ескалацијата на должничката криза кон крајот на минатата година, изјави Ник Кунис, аналитичар од холандската државна банка АБН-АМРО.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 529
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија